Брендот „Луj Витон“, сопственост на францускиот производител на луксузни производи LVMH, ќе вработи уште 1.500 луѓе во Франција до 2022 година, бидејќи го проширува производството за да ја задоволи силната побарувачка на пазарите како што е Кина.
Овој бренд во Франција вработува околу 4.300 луѓе во 16 работилници за обработка на кожа.
Во следните две до три години, ќе бидат потребни уште 1.500 работници за да се постигне целосен капацитет и да се отворат уште два, соопштија денес од компанијата.
„Луj Витон“ исто така поседува три производствени погони во САД и вели дека нема планови да го пренесе производството во Кина или Азија.