Мирчевски во Бутел: Владата со домаќинско и одговорно работење ги намалува трошоците на граѓаните и ги враќа парите во семејните буџети
Членот на ЦО на СДСМ, Пеце Мирчевски, придружуван од градоначалникот на општина Бутел и претседател на ОО СДСМ Бутел, Велимир Смилевски денеска беше на маалска средба со граѓаните на Бутел.
На маалската средба, се потенцираше значењето на непосредните средби со граѓаните кои овозможуваат да се слушне гласот на граѓаните, нивните идеи, предлози и сугестии, како и за процесот на промените во извршната власт и внатре во партијата.
Мирчевски истакна дека економските реформи на Владата предводена од СДСМ даваат реални резултати и ги враќаат парите назад кај граѓаните.
-Владата предводена од СДСМ за 2 години успеа да ги оствари клучните ветувања од „Планот за живот“. Ја укинавме радиодифузната такса, ја вративме евтината тарифа на струја, намалени се трошоците за нотари и извршители, се преземаат низа мерки кои значително ги намалуваат трошоците. Од друга страна трендот на раст на платите продолжува, растат минималната и просечната плата. Веќе од септемвриската плата сите вработени во јавна администрација ќе имаат плата повисока за 5 отсто – посочи Мирчевски
Мирчевски се осврна и на инфраструктурните проекти на Владата на СДСМ како и на локалната власт преку кои се реконструираат и градат коловози кои овозможуваат сигурен и безбеден сообраќај за сите граѓани.
СДСМ продолжува со работни активности помеѓу граѓаните.
Граѓаните се и ќе останат главен приоритет.
Зборот важи!