Иднината на СЈО е неизвесна, изјави обвинителката од СЈО, Ленче Ристоска по завршување на средбата на работната група околу Законот за јавно обвинителство, а во која е таа член.
“Во врска со сите тековни случувања, кога ќе имаме информации што ќе можеме да ви ги соопштиме верувајте дека ќе ви ги соопштиме. Верувам дека деновиве ќе имате информации и од Специјалното јавно обвинителство кои ќе бидат објавени на нашата веб страна”,
Консултациите на работната група во Министерството за правда почнаа вчера откако Катица Јанева со полномоштво побара предметите од СЈО да ги преземе републичкото обвинителство.
Освен обвинителката од СЈО Ленче Ристовска, во работната група учествуваат министерката за правда Рената Дескоска, академик Владо Камбовски, универзитетскиот професор Гордан Калајџиев, како и државниот обвинител Љубомир Јовески и претставници од министерството за правда.
Калајџиев по средбата изјави дека со жалење може да констатира дека СЈО било злоуотребено само за да се бутне од власт ВМРО-ДПМНЕ, и СЈО може да довери некој предмет на друго обвинителство, но тоа би било еден конкретен предмет, а не сите. Камбовски, пак, рече дека СЈО ја одигра својата улога во еден транзициски период и поддржува решение со кое предметите на СЈО треба да преминат во Јавното обвинителство и вели дека за тоа има законска основа.