Јанева, сепак, не поднела оставка

Не постои ново писмо од Катица Јанева со кое поднесува оставка од позицијата специјален јавен обвинител. Објавата на ТВ Сител од синоќа е дезинформација, објави „360 Степени“ по проверката во Советот на јавни обвинители, во Кривичниот суд – Скопје и во истражниот затвор во Шутка.

„Во Советот на обвинители нема пристигнато никакво писмо од Јанева ниту имаме сигнали од Кривичен суд за такво нешто“, изјави денеска за „360 Степени“ претседателот на Советот, Ацо Колевски.

Ни во Кривичниот суд, каде судија на претходна постапка би требало да примил писмо за потоа да го препрати до Советот, не знаат за нова пошта од Јанева од истражниот затвор „Скопје“. Ни во затворот во Шутка, каде Јанева ја издржува мерката притвор, немаат информација за писмо-оставка од специјалната обвинителка.

 

Треба да знаете
Последни објави