Американка по грешка ја ранила својата ќерка, која дошла кај неа во неочекувана посета, сметајќи дека станува збор крадец, јавија локални медиуми.
Инцидентот се случил во Охајо бидејќи жената помислила дека нејзината 18-годишна ќерка, која од колеџ дошла во домашна посета, е провалник.
Жената при рака имала пиштол кој го поседувала со дозвола, па отворила оган и го ранила девојчето во раката.
Мајката била шокирана кога сфатила во кого пукала.
Инцидентот бил пријавен кај надлежните органи за да се утврди дали постои основа за кривично гонење.