Холивудскиот актер Бред Пит (55) неодамна призна дека имал големи проблеми со алкохолот и побарал помош од групата „Анонимни алкохоличари“, пренесува „Белфаст телеграф“. По разводот со Анџелина Џоли (44), тој одлучил да престане да пие.
„Работите одеа подалеку отколку што треба, па морав да престанам“, рече актерот на кој всушност му се допаднале состаноците на „Анонимните алкохоличари“.
Во една пригода Бред изјавил дека целосно се сменил по разводот со Анџелина. Тој си се посветил себеси и на нештата за кои порано никогаш не се грижел. А освен што престанал да пие, тој почнал и да јаде поздраво.