На 05.09.2019 во 15.10 часот во село Булачани, скопско, било пријавено дека Н.Н.(25) од Скопје, управувајќи велосипед, удрил во паркирано товарно моторно возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од А.Ф.(64) од Скопје.
Велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.