ВМРО-ДПМНЕ и Илија Димовски се уште свесно ја кочат постапката за избор на членови на Програмскиот совет на МРТ и Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, обвиниБетиане Китев, пратеник на СДСМ.
-Со тоа, ВМРО-ДПМНЕ и натаму останува главен кочничар на реформата и професионализацијата на МРТВ и АВМУ. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на секој начин се обидува да ги задржи своите кадри кои придонесоа за пад на довербата на публиката во јавниот сервис, а против кои во изминатиот период се отворени и кривични постапки поради вмешаност во коруптивни зделки и злоупотреби на позицијата.
Го повикуваме ВМРО-ДПМНЕ и Димовски ведннаш да се откочи процесот на да се закаже седница на Комисијата за избори и именувања. Мора да започне јавната и транспарентна постапка за избор на членови на Советот на АВМУ и Програмскиот совет на МРТ. Напредокот што го постигна нашата држава во делот на медиумските слободи, јасно ја покажува нашата заложба за слободни, професионални и независни медиуми. Слободата на медиумите за нас е врвен приоритет и ќе продолжиме посветено да ја обезбедуваме на сите нивоа. Реформите мора да продолжат во интерес на државата, медиумите и граѓаните, рече пратеникот.