Жените во Јужна Африка бараат вонредна состојба поради насилство

Илјадници жени излегоа на улиците на јужноафриканската престолнина поради неспособноста на властите да се справат со порастот на насилството врз жените. Планирано е демонстрантите денес целосно да ја блокираат земјата и да ги повикаат властите да прогласат вонредна состојба.

Во Кејптаун, жени облечени во црно и виолетово маршираа кон парламентот во знак на сеќавање на убиените во текот на минатиот месец, кога поради семејно насилство загинаа најмногу жени во историјата на земјата, пренесува „Гардијан“.

Во Јужна Африка секојдневно се прават најмалку 137 сексуални престапи, главно против жени, покажуваат официјалните податоци.

Демонстрантите денеска треба да го повикаат претседателот на земјата да прогласи вонредна состојба во Јужна Африка.

Треба да знаете
Последни објави