Американските санкции против Куба, Русија, Сирија и Иран се обид за постигнување нелегитимни политички цели преку заплашување невини луѓе и се рамни на економски тероризам, напиша иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф на својот профил на Твитер.
САД во средата воведоа нови санкции против Иран, додавајќи на списокот санкционирани 20 лица и субјекти, заедно со неколку танкери.
Американската Канцеларија за контрола на странски средства при Министерството за финансии на САД соопшти во изјава дека САД презеле акција против голема бродска мрежа која е под контрола и финансиски ја поддржува ИРГЦ-Кудс и нивниот терористички прокси Хезболах.