Новата адвокатка на Катица Јанева, Ирена Фрчкоска, ќе прави увид во доказите на обивнителството. Фрчковска за „А1 он„ вели дека прво ќе направи увид во доказите следната недела. На прашање дали Јанева депонирала оставка во Советот на јавни обвинители рече дека
нема таква информација како и дека не знае дали Јанева ќе го искористи правото да поднесе тужба до судот, доколку биде разрешена, можност што ѝ ја дава Законот. Фрчкоска го замени адвокатот Стеван Павлески, кој ѝ го откажа полномошното на Јанева, бидејќи ги застапува Љупчо Георгиевски во предметот „Траекторија“ и осомничениот Цветан Панделески во истрагата „Империја“.