Највисокото дрво во Амазонија, 88 метри високата „Dinizia excelsa“, не е во опасност од пожарите што беснеат во тоа огромно прашумско подрачје, објавија британски и бразилски научници.
На северот на Бразил, во областа на џиновските дрвја, на границата меѓу државите Пара и Амапа, се наоѓа и „Dinizia excelsa“ која има опсег од 5,5 метри, според научните трудови што неодамна ги објави Државниот секретаријат за наука и технологија на државата Амапа.
Дрвото е откриено од воздухот, а Ерик Бастос, координатор за истражување спроведено во август од страна на научници од Сојузниот универзитет во Лос Валес де Жекитињон и британските универзитети од Кембриџ и Свонси, вели дека тоа е „големо откритие и ние имаме задача да ги зачуваме тие дрвја“.
Сместено во густа шума, дрвото не е во опасност од пожарите што беснеат во деловите на Амазонија каде што се врши прекумерно сечење.