Преку 600 напади врз бегалци забележани во Германија

Германската полиција само во првата половина на 2019 година регистрирала 609 напади врз бегалци и прифатилишта за имигранти, велат од министерството за внатрешни работи на Германија.

Нападите вклучувале вербално злоставување, физичко насилство, како и палеж, додаваат од министерството.

Најмалку 60 напади биле изведени врз бегалските центри, а 42 врз организации за заштите ширум целата земја. Повеќе од 102 лица биле повредени во овие напади.

Германија прими околу 1,4 милиони бегалци од 2015 година, највеќе од Сирија и од Ирак.

Оттогаш во земјата беше забележан пораст на ксенофобија и омраза против бегалците, најчесто поради провокација и пропаганда од страна на екстремната десница која сее страв, велејќи дека тероризмот е резултат на бегалската криза.

Треба да знаете
Последни објави