Благајник на наплатната рампа Гостивар на автопатот „Мајка Тереза” бил удрен и навредуван од возач кој не сакал да плати патарина.
Според СВР Тетово, четириесетипетгодишниот гостиварец З.Д. синоќа пријавил дека околу 21 часот и 45 минути бил физички нападнат од едно лице, кое одбивало да плати патарина.
По пријавата, полицијата презема мерки за расчистување на случајот.