Невработеноста падна за 17,5%. Според статистика – во позитива се поголемиот дел на секторите кои бележеа пад.
Бројките покажуваат дека државата запливува во мирни економски води, вели вицепремиерот Кочо Анѓушев, според кого растот се должи на реалната економија, а не на владина интервенција.
Според Анѓушев, забрзувањето на изградбата капиталните проекти ќе донесат и дополнителен раст. За крајот на годината тој очекува и повисоки бројки.
Позитивните резултати се причина, поради која власта го ревидираше годишниот раст од 3,2 на 3,5%. Првиот квартал годинава заврши подобро, со раст од 4,1%