Седумдесет и седумгодишник со „буба“ прегази седумдесетгодишeн велосипедист во Гевгелија

На 05.09.2019 во 11.30 часот на крстосницата од улиците Деко Ковачев и Гевгелија во Гевгелија се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген буба“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(77) од Скопје и  велосипед управуван од Г.М.(70) од Гевгелија.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот Г.М., кој бил пренесен во Јавната здравствена установа Гевгелија.

Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.

Треба да знаете
Последни објави