До вчера граѓаните скенирале вкупно 16,333,516 фискални сметки, и остварен е промет од 8,341,449,275 денари. Повратот од 15 отсто од пресметаниот ДДВ изнесува 135,893,436 денари или 2,210,000 евра.
Значително подобрување е забележано во однос на граѓаните кон нерегуларности при издавање на фискални сметки.
Бројот на пријави од страна на граѓаните за нерегуларности со фискални сметки е за 100 отсто поголем во однос на минатата година. Граѓаните активно бараат да им се издадат фискални сметки и со тоа учествуваат во намалувањето на сивата економија.
Од почетокот на МојДДВ заклучно до август, наплатата на ДДВ е за 10 % повисока во однос на минатата 2018 година.