На 05.09.2019 во 08.55 часот на улица Радишанска во Скопје, мопед „Хонда“ без регистарски ознаки, управуван од В.Д.(18) од Скопје, удрил во малолетник од Скопје.
Во незгодата, детето се здобило со повреди и било пренесено во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.