Фестивал на органска храна во Скопје

Млечни производи, зеленчук, овошје, мед, кафе, зачини, житарки и козметика, се само дел од производите што ќе бидат изложени на Фестивалот на органска храна што ќе се одржува денеска и утре на плоштадот „Македонија” во Скопје.

Посетителите ќе имаат можност да пробаат и занаетчиско (крафт) пиво.

Целта на Фестивалот, кој предвидува и неколку работилници, е да го промовира користењето на органските производи во секојдневната исхрана.

Учесници ќе бидат преку 20 изложувачи од земјава.

Треба да знаете
Последни објави