Данскaта премиерка Мете Фредериксен изјави денеска дека оваа земја членка на НАТО разговара со голем број европски сојузници за меѓународната поморска мисија во Ормускиот Теснец.
„Ја разгледуваме можноста данската морнарица да ги поддржи меѓународните напори предводени од Европа“, рече Фредериксен.
„Ние сме во дијалог со голем број европски земји за тоа како може да се организира таков потфат“, рече данската премиерка.