Анкета на „Макфакс“: Интернет порталите се најпопуларен начин за информирање

Во онлајн анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, на прашањето „Од каде најчесто се информирате?“, над половина од анкетираните – 56,5 отсто одговориле дека актуелните новости ги дознаваат од интернет порталите.

По нив, 31,8 проценти од анкетираните како извор на информации ги навеле социјалните мрежи.

Според анкетата ова се двата најдоминантни начини на информирање кај населението, а потоа следат телевизијата од каде се информираат точно 6 отсто од испитаниците, печатените медиуми со 3,4 проценти и радиото со 2,3 отсто како најнепопуларен канал за информирање.

Анкетата беше спроведена на 17 веб-страници, а стартуваше на 5 септември во 12 часот и траеше 24 часа.

Од вкупно 2.394 анкетирани, според податоците на истражувачкиот центар на „Макфакс“, поголемиот дел (63,7 проценти) биле мажи. Над 80 отсто од анкетираните гласале од Македонија.

Треба да знаете
Последни објави