Британските опозициски партии се договорија да не го поддржат предлогот на премиерот Борис Џонсон за одржување парламетарни избори пред самитот на ЕУ во средината на октомври.
Лабуристите, либералните демократи и членовите на партиите на Шкотска и Велс се договорија в понеделник или да гласаат против распишување избори или да бидат воздржани. Џонсон на тоа возврати дека партиите прават исклучително политичка грешка.
Во меѓувреме, законот за спречување на брегзит без договор е одобрен од Домот на лородвите и ќе стапи во сила. Тој ќе го принуди премиерот да бара од ЕУ продолжување на рокот по 31 октомври, доколку Брисел и Велика Британија постигнат брегзит без договор.
Џонсон сака избори на 15 октомври, пред одржувањето на самитот на ЕУ на 17 и 18 октомври.