Британскиот Врховен суд во Лондон ја отфрли жалбата против одлуката на премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, од следната недела да ја суспендира работата на парламентот, пренесоа француските медиуми.
-Барањето се отфрла, кусо пред судот изјави Иан Барнет, највисоко позициониран судија во Англија и Велс, по разгледувањето на жалбата.
Судот, меѓутоа, одлучи предметот да биде вратен во Врховниот суд за ново обжалување, што ќе биде изведено на 17 септември.
Жалбата беше поднесена од Џина Милер, која пред тоа победи во спор пред Врховниот суд, што владата ја принуди да бара одобрение од парламентот пред да почне двегодишниот процес на преговори со Европската унија.
-Мојата екипа и јас нема да се откажеме од борбата за демократија, рече Милер надвор од судот по сослушувањето. „Ние се залагаме за сите. Ние се залагаме за идните генерации. Да се откажеме сега би било откажување од нашите обврски”, рече таа.