Еспер: Велика Британија треба да ги прифати џихадистите притворени во Сирија

Британската влада мора да ги врати поранешните членови и соработници на терористичката „Исламска држава” со британско државјанство назад во земјата, или тие ќе се вратат на извршување насилства, изјави американскиот министер за одбрана Марк Еспер.

За време на посетата на Лондон, Еспер ја истакна важноста на фактот дека има повеќе од 2.000 странски државјани, поранешни соработници и членови на терористичка организација, приведени во Сирија по распадот на калифотот. Според него, од особено значење е тие да бидат вратени во нивните матични земји за да добијат фер судење.

Иако некои европски земји се согласија да ги вратат своите граѓани заробени на бојното поле во Сирија, Велика Британија дури и го одзеде државјанството на некои Британци, како што е Шамима Бегум и порача дека другите треба да се обратат кон Турција за помош. Со одземањето на државјанството на овие луѓе, според Еспер, Лондон не го решава проблемот.

Треба да знаете
Последни објави