Законот за спречување на Брегзит, што завчера го усвоија пратениците во Долниот дом на британскиот Парламент, денеска ќе се најде во дневниот ред и на Горниот дом, Домот на лордовите.
Долниот дом се согласи дека во понеделник ќе ги разгледа и амнадманите на Домот на лордовите и дека владата има намера да го подготви законот да и биде претставен на кралицата.
Предложениот закон беше усвоен од пратениците во средата со што тие му нанесоа огромен пораз на премиерот Борис Џонсон, јави Би-Би-Си.
Постојат тврдења дека приврзаниците на Брегзит можат намерно да го одложат усвојувањето на законот за тој да не добие согласност од кралицата пред парламентот следната недела да се распушти.
Лидерот на лабуристите Џереми Корбин претходно изјави дека неговата партија бара законот да ја добие согласноста од кралицата, па потоа да се разгледа барањето на Џонсон за распишување предвремени избори.