Захарова со критики до Софија: Бугарија ја преправа историјата!

Со тврдењето дека Црвената армија донела наводна репресија, Бугарија ја преработува историјата и ваквиот став на Софија укажува на злокобен тренд, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, во интервју за ТАСС на маргините на Источниот економски форум во петокот.

„Свесни сме дека секоја земја има свои политички преференци и трендови“, рече таа коментирајќи ја изјавата на бугарското Министерство за надворешни работи.

„Имајќи предвид дека изјавата беше официјална, нашата амбасада реагираше на истиот начин. Отворено зборувавме за неприфатливоста на извитоперувањето на историјата. Тоа е апсолутно јасен показател дека Бугарија ја преправа историјата. Тоа е опасен тренд бидејќи е нелегитимен“, истакна Захарова.

Во вторникот, бугарското Министерство за надворешни работи издаде официјална изјава во пресрет на изложбата што ја одржа Рускиот културен и информативен центар во Софија, која е посветена на 75-годишнината од ослободувањето на Источна Европа од нацизмот.

Во изјавата, пред се, се истакнува дека „штитовите на Советската армија донеле половина век репресија задушувајќи ја граѓанската совест кај луѓето од Централна и Источна Европа, заедно со деформираниот економски развој и изолација од процесите што се одвиваа во развиените европски држави“.

Треба да знаете
Последни објави