Колку пари има изрекетирано Бојан 13 од посредништвото кое што му го обезбедил Кирацовски?

Истрагата за случајот РЕКЕТ е компромитирана и девалвирана. Распитот на инволвираните во целиот случај РЕКЕТ доцни повеќе од четири месеци. Вилма Русковска ја компромитираше целата истрага со развлекувањето на целиот случај, обвинува Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Така развлекувајќи ја истрагата Русковска ги штити вистинските нарачатели на милионскиот РЕКЕТ, сите знаат дека Боки 13 не рекетирал сам. Водејќи ја истрагата надвор од принципите на правото, наместо да ги спречи нарачателите да влијаат врз сведоците, истите за кои има индиции дека се нарачатели и посредници цели четири месеци имаа простор да прават што сакаат со доказите и сведоците и да влијаат буквално врз кого сакаат. Кирацовски и самиот призна дека бил посредник на средбите на Боки 13 со градоначалници и бизнисмени со сите оние кои биле предмет на рекетирање. Четири месеци на обвинителството им требаше за да смислат лага дека Кирацовски само еднаш се сликал со Боки 13 како главно оградување од неговото учество во рекетирањето, а всушност целата јавност виде на слика дека Кирацовски имал и повеќечасовни лични дружби со Боки 13 каде што свират и пеат во дует во скопски кафеани. Сепак тоа личи на луѓе кои не се гледаат прв пат и кои имаат што да прослават заеднички, вели Арсовски.

Според него, главното прашање е следново: За што и кај кого се му посредувал Кирацовски на Боки 13? Ако знаеме дека посредувал кај бизнисмен и градоначалник од редовите на СДСМ, што му посредувал и што се им кажал за да ја договори целата средба?

-Колку пари има изрекетирано Бојан 13 од посредништвото кое што му го обезбедил Кирацовски?Дали дел од стекнатата корист на Боки 13 завршила и кај Кирацовски? Кога обвинителството ќе даде одговор на сите овие прашања? Дали Кирацовски беше сменет од функцијата втор човек на СДСМ заедно со Фросина Ременски заради инволвираноста нивна во случајот РЕКЕТ? Одговор на овие прашања мора да има, иако јавноста веќе е свесна и ги знае одговорите. Покрај одговори мора да има и делување и акција од страна на обвинителството.

Пред нос ни се случува најголемата рекетарска афера во Република Македонија, а обвинителството на Љубомир Јовевски и Вилма Русковска ја развлекуваат целата истрага  и се обидуваат да ја забошотат. Одговорност за сите криминалци мора да има и тоа мора да има  многу брзо. Потребни се предвремени парламентарни избори, а веднаш потоа  откако СДСМ ќе падне од власт ќе почне Обнова на Македонија, изјави Арсовски.

 

 

Треба да знаете
Последни објави