Најмалку шест жртви во невреме во Виетнам

Најмалку шест лица загинаа, а повеќе од 15.000 куќи се поплавени откако тропска депресија го погоди централниот дел на Виетнам, соопштија денеска локалните власти.

Тропската депресија Каиџики се формираше над Јужното Кинеско Море и во Виетнам донесе обилен дожд и ветрови од 50 километри на час кои предизвикаа поплави и свлечишта.

Според Централниот управен комитет на Виетнам за спречување на природни непогоди, шест лица го загубиле животот и повеќе од 3.700 се евакуирани, додека 15.411 куќи се поплавени во централните региони на земјата од провинцијата Тан Хоа до провинцијата Туа Тиен Хуе.

Минатата година во невремиња во Виетнам загинаа 181 лице.

Треба да знаете
Последни објави