Понеделник (9. септември) е прогласен за неработен ден по повод државниот празник 8. Септември, Денот на независноста, поради што автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Од ЈСП информираат дека жичницата на Водно во текот на овој ден ќе работи со вообичаено работно време, а по неделен возен ред ќе сообраќаат и автобусите на линија 25 (Транспортен центар – Средно Водно), 25А (Стара железничка станица -Средно Водно) и 25Б (Дом на печат – Средно Водно).
Превозот на посочените линии за сите патници ќе биде бесплатен согласно одлуката на Советот на Град Скопје за бесплатен превоз во недела на посочените линии за сите категории на патници.
Дежурни ќе бидат три билетарници, односно од 7 до 19.30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и на Зелен пазар, а од 7 до 13 часот ќе работи билетарницата во Ѓорче Петров.