Огромна подводна опсерваторија за истражување на животната средина лоцирана во ограничено подрачје на германското крајбрежје исчезна, се вели во соопштението на нејзиниот оператор ГЕОМАР, пренесува „Спутник“.
Центарот за истражување на океаните „Хелмхолц“ во ГЕОМАР е институт за морски истражувања лоциран во германскиот пристанишен град Кил.
Раководителот на ГЕОМАР за океанографско истражување, Херман Банге, рече дека научниците го примиле последниот сигнал од опсерваторијата „Бокис Ек“ на 21 август во 20:15 часот и дека на почетокот истражувачите мислеле дека има грешка во преносот.
Сепак, нуркачите кои биле испратени на местото, пронашле само искинат кабел на 72 метри под површината, на само 1,9 километри од заливот Екерфорд на германското балтичко крајбрежје.
Опсерваторијата имала генератор и инструменти со тежина од вкупно 770 килограми што значи дека тешко можело да биде одвлечена од невреме, струи или од морски животни.
Банге апелираше да се пријави секој сведок што забрлежал сомнителна активност во областа на 21 август, додавајќи дека податоците што научниците ги добиваат од 330. 000 долари вредната опсерваторија се непроценливи.
Локалната полиција е известена за инцидентот.