Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека Русија не исполнила ниту една од своите обврски за прекин на војната во Донбас.
– Пред пет години Русија го потпиша Минскиот договор. Оттогаш загубивме 14.000 наши луѓе. Русија не исполни ниту една од своите обврски. Ги вложуваме сите напори заедно со нашите партнери 24 часа дневно и седум дена во неделата, со цел да се постигне вистински напредок за воспоставување мир, истакна новиот началник на украинската канцеларија за надворешна политика Вадим Пристајко.