Уште 11 жени го обвинија Доминго за сексуална злоупотреба

Откако во почетокот на август излезе веста дека осум пејачки и една танчерка го обвинуваат Пласидо Доминго (78) за сексуална злоупотреба, познатиот оперски тенор повторно се најде во центарот на скандалот – уште единаесет жени го обвинија Доминго за сексуален напад.

Познатиот тенор рече дека овие обвиненија се полни со недоследности и не се точни.

„Со оглед на тековната истрага, ние нема да ги коментираме деталите, но силно ја оспоруваме погрешната слика што агенцијата АП се обидува да ја создаде за господинот Доминго“, коментирала портпаролката на Доминго, Нанси Селцер.

Наводно, Доминго ги принудувал жените да имаат сексуални односи со него, за возврат ветувајќи им дека ќе им „најде добра работа“. Ако некоја жена го одбиела, според странските медиуми, тој ги казнувал оставајќи ги без ангажман. Една од нив тврди дека Доминго ги пикнал рацете под нејзиното здолниште, додека три жени изјавиле дека ги присилил да се бакнуваат, една во соблекувалната, друга во хотелската соба и третата на деловен ручек.

Треба да знаете
Последни објави