Премиерот на Финска, земјата која моментно претседава со ЕУ, изјави дека нема да има нови преговори околу договорот за излез на Велика Британија од Унијата.
– Нема да го отвораме договорот кој ЕУ го преговараше со Британија, истакна финскиот премиер Анти Рине на прес-конференција.
Според него, очевидно е дека Британија била подготвена да ја напушти Унијата без постигнување договор.
– Ситуацијата во Велика Британија сега е хаотична, не знаеме што се случува таму. Се поизвесно е дека нема да добиеме Брегзит со договор, нагласи Рине.