Пожарите стануваат сериозна закана за градот Скопје и населените места околу градот Скопје.
Отсуствува посериозен и посеопфатен ангажман на надлежните институции во справувањето со ваквите катастрофални појави.
Практично пожарите директно и индиректно го загрозуваат здравјето на Скопјани. Последниот пожар на Скопска Црна Гора кој остана нелокализиран неколку дена направи огромна штета за животната средина и беше со можни закани за последици врз здравјето и на локалното население. Граѓаните беа препуштени речиси сами да се справуваат со пожарите неколку дена. Тоа покажува неколку работи: дека се недоволни капацитетите на градската противпожарна заштита, дека Дирекцијата за справување недоволно се ангажира во справување со ваквите пожари и дека владата треба посериозно да се вклучи во гасењето на пожарите.
Скопска Црна Гора како и Водно се белите дробови на Скопје.
Почитувани,
Како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје предлагаме:
- При гаснење на посериозен и поголем пожар да се вклучи и Армијата на Република Македонија со своите ресурси.
- Градот Скопје и владата да извршат акција за пошумување на уништените зелени површини и дрва кои беа зафатени од пожарите на Скопска Црна Гора.
- За таа цел да се изврши пренамена на средствата кои владата ги дава за набавка на цветни аражмани кои беа во висина од над 700 илјади евра како и Градот Скопје да се откаже од набавка на службени возила за менаџментите на јавните претпријатија. Парите да се наменат исклучиво за разеленување на опожарените површини и доопремување на противпожарната градска служба.
Градот Скопје и градоначалникот Петре Шилегов да демонстрираат општествена одговорност за потребите на Скопјани.