Иран денеска објави дека не може дамо тие да го почитуваат нуклеарниот договор во 2015 година склучен со светските сили и ги предупреди другите потписници дека „отчукува часовникот” за спас на договорот.
Портпаролот на иранската Организација за атомска енергија Бехруз Камалвани на прес-конференција во Техеран изјави дека Иран има капацитет да го зголеми збогатувањето на ураниум над 20 проценти, иако засега нема такви планови.
Тој додаде дека новите нуклеарни потези на Техеран не претставуваат кршење на нуклеарниот договор во 2015 година.
Тој додаде дека агенцијата на ОН за надзор на нуклеарното оружје била информирана за новите нуклеарни потези на Иран и оти таа и натаму има пристап до нивните локации за развој на нуклеарна енергија.
Франција, Германија, Велика Британија и Иран последните неколку дена расправаат за тоа како да се спаси меѓународниот договор склучен во Виена во 2015 кој е доведен во прашање откако САД еднострано се повлекоа во мај минатата година.