Бројот на загинати во ураганот Доријан на Бахамите се искачи на 43 годин, јавуваат американските медиуми.
Ен-Би-Си објави дека официјалниот број на загинати се искачи на 43, а тој број се очекува значително да расте.
„Вашингтон пост“ објави дека 35 луѓе загинале во невремето на островот Абакос, а осум други загинале на Големите Бахами.
Потрагата по исчезнати лица продолжува и денеска.
Ураганот од петта категорија што ги зафати Бахамите, ги погоди американските држави Јужна и Северна Каролина, ослабнат како ураган од прва категорија. Сепак, над 280,000 објекти и домови останаа без електрична енергија.
Метеоролозите предупредуваат дека иако Доријан ослабнал, сепак е придружуван од силни ветрови и претставува опасност по животот и имотот на луѓето во тие држави, но и во Вирџинија. Затоа, гувернерите на тие држави прогласија вонредна состојба.
Предупредување за евакуација е издадено во двете Каролини за околу 900.000 луѓе.