Ерамати Мангајама (74) од Индија, која роди здрави близнаци по поминато медицинско потпомогнато оплодување, е најстарата родилка на светот. Таа и нејзиниот сопруг Рајом Рао (80) се пресреќни затоа што 57 години се обидувале да добијат дете, а нивната надеж се појавила кога нивната сосетка зачнала на 55-годишна возраст.
Клиниката за медицински потпомогнато оплодување ги платила трошоците за повеќето зафати бидејќи тоа за нив било големо историско достигнување. Ерамати ги поминала сите девет месеци во болница, а девојчињата ги родила со царски рез.
„Не можам да ги изразам чувствата со зборови. Овие бебиња ме дополнија. Моето чекање речиси шест децении конечно заврши. Сега никој повеќе не ме нарекува неплодна“, рече оваа жена, која менопаузата ја помина пред 25 години.