ВМРО-ДПМНЕ: Македонскиот народ е доведен до просјачки стап

Македонскиот народ е доведен до просјачки стап. Време е власта да ги симне розовите очила и да погледне како живее просечниот македонски граѓанин, да се соочи со тажната реалност.

Ако блеска „Бентлито“ на Трајче Заев, како што блеска „Масератито“ на Кочо Анѓушев или пак луксузните мотори на Зоран Заев, не значи дека блескаат животите на просечниот човек во Македонија.

Дали некој во Владата знае како е на крајот од месецот да се пребројува последниот денар, за да се преживее до први?

Дали некој на Бихаќка знае како е да не може да сe замине на одмор, како што тоа не можат да си го дозволат 60 проценти од македонските граѓани?

Знаат ли како е да се работи повеќе од 8 часа, а да се нема доволно средства за пристоен живот?

Само расипничка и однародена власт, во вакви услови може да се фали со економски успех кога растот на економијата паѓа за 25% во еден квартал.

Реалноста е дека повеќе од половина милион граѓани денот го поминуваат со еден оброк, живеат во сиромаштија, бројка која е во пораст. Реалноста е дека повеќе од 80 проценти од македонските граѓани бараат начин како да избегаат од „економските успеси“ на власта.

Штиманите економски показатели не ја менуваат реалната слика во државата, а со оглед на тоа што власта истата не сака да ја види и да ја промени, времето во удобните фотелји им истекува. Економското фијаско на СДСМ ќе биде поразено на следните избори.

 

Треба да знаете
Последни објави