Косово сигурно нема да биде примено во Интерпол на седницата во октомври, тврди шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ. Тој додаде дека доколку сепак тоа се случи, тој ќе поднесе оставка.
Со потсетување дека веќе 15 држави го повлекле признавањето на косовската независност, Дачиќ тврди дека наскоро ќе има уште нови ноти за повлекување на признанието и дека од 116 земји кои го признале Косово, бројот ќе се спушти на 96.
„Тоа не е моја индивидуална акција, тоа се договорив со претседателот Вучиќ, а зад тоа стои Владата на Србија. Тоа е од големо значење за позиционирањето на нашата држава, бидејќи не би инсистирале толку да се престане со акцијата за повлекување на признанието ако беше нешто што нема ефект“ рекол Дачиќ.