Македонија утре се подготвува за одбележување на Денот на независноста, 8 Септември, а премиерот Зоран Заев ја искористи приликата да ги повика сите граѓани на утрешната прослава.
„Почитувани граѓани, во недела, со почеток во 11 часот, дојдете заедно да го одбележиме Денот на независноста – 8 Септември, под мотото „Боите на независноста“, во Градскиот парк, пред Школка.
Во рамки на прославата, предвидена е богата културно-уметничка и забавна програма, со настапни на Петко и 5+, Денсерс Јунајтед, Виолета Томовска, Ај Кју, Елита Зибери и Драган Б. Костиќ.
Ќе можете да учестувате и во активностите на министерствата, да уживате во традиционална храна од сите краеви на Северна Македонија, да учествувате во спортски активности, да ги погледнете вештините на Армијата и полицијата, да го проверите своето здравје и да научите повеќе за заштитата на животната средина“, истакна Заев.