Шведска нема да го екстрадира Давидовски, нивниот Врховен суд вели на 27 април немало тероризам. Барањето на македонското Министерство за правда за екстрадиција на Дејан Давидовски, еден од обвинетите за тероризам и уривање на уставниот поредок, е одбиено од шведскиот Врховен суд. Според шведските закони, а и според европските конвенции, упадот во Собранието на 27 април не е кривично дело туку бунт. Ова го пишува во пресудата со која Шведска не го екстрадираше обвинетиот за терористичко загрозување во земјава Дејан Давидовски.