Кандидатот на Полска за нов европски комесар, Јануш Војчичовски е под истрага на агенцијата на ЕУ за спречување корупција и измама, поради наводни неправилности во патните трошоци, рекол портпаролот на агенцијата за германски „Шпигел“.
Наводите за неправилности датираат од времето кога Војчичовски бил пратеник во Европскиот парламент, меѓу 2004 и 2014 година. Кандидатот на Полска за комесар изјавил за „Шпигел“ дека платил 11.250 евра зошто не водел сметка за документирање на патните трошоци меѓу 2009 и 2011 година и тоа на негова иницијатива.
Според информациите од светските медиуми, истрагата на агенцијата на ЕУ се однесува на дополнителни трансакции и информации од Европскиот парламент, како и дека се работи за петцифрена сума.
Војчичовски, кој е член на Европскиот суд за ревизор и поранешен заменик претседател на Одборот на Европскиот парламент за земјоделство, најверојатно ќе го води секторот за земјоделство во комисија на чие чело ќе биде Урсула фон дер Лајен.