Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо стана најбрзиот напаѓач на Италија во првите три кола од новата сезона, пренесува „Футбал Италија”. Максималната брзина на 34-годишниот Португалец беше 34,62 км на час.
Според овој индикатор, Роналдо во Серија А е втор по дефанзивецот на Наполи, Костас Манолас кој забележа 35,41 км/час.
По Роналдо, на листата на најбрзи играчи во шампионатот на Италија се: фудбалерот на Торино, Симоне Ѕаѕа со 34,56 км/час, дефанзивецот на Рома, Џанлука Манчини со 34,46 км/час и членот на Аталанта, Берат Гимшити со 34,26 км/час.