На повеќе места времето денеска ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, информира УХМР. На места и особено на северот и истокот процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град.
Минималната температура ќе биде помеѓу 11 и 19, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степени.
Во Скопје претпладне со сончеви периоди и со услови за краткотраен дожд, а попладне со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 16 до 29 степени.
Утре и в понеделник нестабилноста ќе се намали, а претежно во планинските региони ќе има услови за појава на краткотраен дожд во недела со ретки грмежи. Во деновите потоа ќе преовладува претежно стабилно време со повремено зголемена облачност.