Хабиб Нурмагомедов синоќа славеше против Дастин Порие по две ипол рунди, а по борбата Конор Мекгрегор не остана мирен, па реши да го предизвика шампионот во лесна категорија во УФЦ.
Мекгрегор побара реванш против Нурмагомедов, а според неговата објава, Ирецот сака да се бори во Русија, односно Москва.
Да потсетиме, претходниот меч меѓу двајцата борци го одбележаа тешки навреди, посебно од Ирецот, а исто така се случи инцидент по борбата, кога Хабиб скокна преку рингот за да се пресмета со тимот на Мекгрегор.
Book my rematch for Moscow.
— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) September 7, 2019