Во Сараево денес почна првата парада на гордоста во БиХ под слоганот „Има изаќ“, а повеќе стотици учесници носат транспаренти и знамиња.
На централните улици на Сараево одекнуваат звуците на свирчиња и тапани, а парадата ја обезбедуваат над 1.100 припадници на безбедносните сили.
Пред почетокот на парадата во Сараево заврши контрасобирот на противниците на одржувањето на таа манифестација, кои главно извикуваа „Алаху акбар“ (Бог е голем).
Повеќе од сто учесници на контрасобирот прошетаа по саревските улици, наведувајќи дека парадата на гордоста не треба да се одржува во нивниот град.
Некои од натписите на нивните транспаренти беа: „Уште ќе ми биде срам да кажам дека сум маж и дека имам жена“, „Лицемерни Гадови со Болни Тежнеења“, „Биди геј, но не наметнувај ми дека е океј“.