Скопјанец ги грабнал поранашната сопруга и малолетниот син и не ги пуштал да и одат, вчера во скопски Чаир, информираше МВР.
-Ноќеска 20 минути по полноќ во Полициска станица Чаир, А.А.(50) од Скопје, пријавил дека на вчера околу 19 часот во неговиот дом дошол неговиот зет М.С.(34), по што ги земал неговиот малолетен син и сопруга З.А.(28), со која биле разделени, за да остварат средба. Истиот ден околу 21 часот З.А. телефонски го известила А.А. дека М.С. не сака да ги пушти да се вратат дома. Од страна на полициски службеници преземени се мерки и по разговор со М.С. и З.А., З.А. си заминала дома. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.