Осуммината чешки навивачи, од кои едниот со српско државјанство, кои косовската полиција ги приведе во петокот, се ослободени.
Портпаролот на косовската полиција, Даут Хоџај, потврдил дека навивачите биле ослободени вчера.
Тие беа приведени под сомнение дека планирале да летаат дрон со натпис „Косово е Србија“ на натпреварот меѓу фудбалските репрезентации на Косово и Чешка на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина.
Хоџај навел дека полицијата запленила одредена опрема и дека навивачите се казнети во рамки на законот за странци, не прецизирајќи каква казна им е изречена.
Приштинските медиуми претходно објавија дека припадници на регионалната полиција во Урошевац заплениле опрема и знамиња пронајдени кај уапсените Чеси.