Британската министерка за труд и пензии Амбер Руд поднесе оставка и ја напушти Конзервативната партија.
Амбер Руд оцени дека заминувањето од ЕУ без договор не може да биде главната цел на британската влада, јави Би Би Си.
Според неа, исклучувањето на 21 пратеник на Конзервативната партија претставува „напад на пристојноста и демократијата”.
Претставник на владиниот кабинет рече дека се „разочарани од оставката на талентираната министерка”.
Британските медиуми оценија дека ова претставува уште еден удар за премиерот Борис Џонсон.