Австралиските пожарникари се борат со повеќе од 100 пожари низ две источни држави, а властите предупредуваат дека ова лето во делови од земјата ги очекува сезона на гоолеми пожари.
„Ова н сме го виделе никогаш во историјата, времето никогаш не било толку склоно на пожари како оваа пролет“ рекол Ендру Стургес, инспектор во противпожарната и итна служба во Квинсленд.
Пожарите во државата Квинсленд и Нов Јужен Велс, многу се надвор од контрола, уништиле најмалку 20 објекти, а властите елат дека бројот најверојатно ќе се зголеми кога ќе можат да ги прегледаат погодените места.
Засега нема пријавен смртен случај, но 66-годишен волонтер пожарникар е во критична состојба во болница откако се здобил со тешки изгореници.